–Народот на наредните избори ќе каже кого поддржува и во кого има доверба, смета премиерот Никола Груевски.
За време на вчерашниот државнички говор, претседателот на македонската Влада испрати силни пораки. Според него ниту еден странец не може да го даде одговорот на ова прашање.
-Нема да каже ниту некој странец, ниту некој со волшебен стап ќе ги реши нашите проблеми. Ние. Ние заедно со народот. Ова е наша земја. Ова е наша земјa. Ова е наша татковина! Ова е Република Македонија и ние мора да истраеме и да одговориме жестоко на сите предизвици со кои се соочуваме. Тоа сакам да го порачам на овој ден. Ова е денот на ВМРО, ова е ден за да се потсетиме сите, ова е наша земја и ние, народот на Македонија, одлучуваме за нејзината иднина! Решавањето на политичката криза со договор меѓу партиите е позитивен момент. Народот тоа го очекуваше од нас. Решавање на агонијата која ја предизвика опозицијата, и ние бевме максимално, повторувам според некого и повеќе од максимално посветени и конструктивни. Круцијален момент во тој политички договор е можноста граѓаните на избори да се изјаснат за политичките субјекти и тоа по долг период на размена на многу информации. Избори мора да има, заради нив, заради нас, заради вас, заради секого – рече македонскиот премиер.
Тој порача дека на тие избори граѓаните треба во фер услови и слободоумно да решат за својата иднина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница


