| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Битката во Македонија ќе се реши на изборите на 24 април следната година

gruevski

-Нашата земја годинава се соочуваше со сериозна политичка криза, која што се закануваше да ги закочи сите економски и евроталантски текови. Многу работи беа кажани, многу емоции истурени, јавноста имаше можност да види се, да слуша аргументи, но и да биде изложена на многу шпекулации, дезинформации, полувистини и покрај обидите за сервирање на спротивната теза токму преку оваа криза на конкретни примери, факти и аргументи, на конкретни феномени се покажа дека во Република Македонија секој може да каже се, да се собира, да ги истакнува своите ставови, да критикува независно што многу повеќе таа критика е на маректиншки основи и само заради критика а многу помалку на реални аргументи и со цел да подобри и унапреди нешто – истакна синоќа премиерот Никола Груевски во своето обраќање по повод големиот македонски празник 23 Октомври, испраќајќи силни државнички пораки.

Тој понатаму додаде:

-И додека не критикуваа дека нема слобода, тие самите докажаа дека има слобода и тоа дека има бааги слобода. Многумина знаат да кажат „сме им дозволиле да ни се качат на глава“, некои тоа го толкуваат како слабост, некои ќе си речат „Абе ги држат со нешто и затоа вака оди работата“. Да беше така, ова одамна ќе беше завршено. Ова во Македонија е поголема битка од она што изгледа. Ова во Македонија е битка за Македонија! На кого тоа не му е јасно досега ова е добар ден да го нагласиме тоа. Битка многу поголема од дневните авантури на опозицијата, која свесно се става во улога на алатка.

Премиерот потенцираше дека оваа битка ќе се реши на изборите на 24-ти април.

-На тие избори народот ќе каже кого поддржува и во кого има доверба. Нема да каже ниту некој странец, ниту некој со волшебен стап ќе ги реши нашите проблеми. Ние. Ние заедно со народот. Ова е наша земја. Ова е наша земјa. Ова е наша татковина! Ова е Република Македонија и ние мора да истраеме и да одговориме жестоко на сите предизвици со кои се соочуваме. Тоа сакам да го порачам на овој ден. Ова е денот на ВМРО, ова е ден за да се потсетиме сите, ова е наша земја и ние, народот на Македонија, одлучуваме за нејзината иднина, додаде премиерот.

Тој додаде дека решавањето на политичката криза со договор меѓу партиите е позитивен момент.

-Народот тоа го очекуваше од нас. Решавање на агонијата која ја предизвика опозицијата, и ние бевме максимално, повторувам според некого и повеќе од максимално посветени и конструктивни. Круцијален момент во тој политички договор е можноста граѓаните на избори да се изјаснат за политичките субјекти и тоа по долг период на размена на многу информации. Избори мора да има, заради нив, заради нас, заради вас, заради секого. На тие избори граѓаните треба во фер услови и салободоумно да решат за својата иднина, рече синоќа Груевски.

Тој истакна дека договорот од јуни и јули во Скопје, треба да се почитува во целост, како што е договорен и напишан, без проширувања од рамките во кои е поставен и без разни толкувања и дополнувања во зависност од политичките интереси на партиите.

-Договорот е јасен и напишан и треба да се почитува. Тој договор е сам по себе договор, и тој не може да служи како појдовна точка за нови преговори за нови договори од кои почетна точка е тој договор. Секој политичар и секој кој сака да помогне во реализацијата на политичкиот договор треба да пристапува со максимална сериозност, одговорно и посветено. Треба да го почитува тој постигнат договор. Зборот не може да биде збор за нов збор. Зборот е збор сам по себе. Тој што потсетува за зборот треба да потсети на друго место, а не пред македонскиот народ, македонскиот народ и сите граѓани на Македонија знаат што е даден збор, додаде премиерот.

Груевски порача дека никој не смее да го потценува народот и дека никој нема право на тоа.

-Иако политичката сила која ја има оваа политичка гарнитура беше добиена на избори кои аргуметирано и правно не беа оспорени од страна ниту на опозицијата ниту на друг субјект, и покрај поддршката во јавноста на оваа политичка гарнитура која е двојно поголема од онаа на опозициската и покрај фактот што политичкиот легитимитет и легалитет кој го добивме е на половина од преиодот за кој го добивме, ние се согласивме да ја прекратиме атмосферата на тензија и конфликтност со создавање на можност за обраќање кон народот и можност за произјаснување на народот на избори. Основна и единствена цел на договорот беше да се организираат избори на кои народот ќе може да одлучува во фер и демократски услови кои нема да создадат сомнеж за некаква нееднаквост, за дискриминација или фаворизација. Изборите се финалната цел на тој договор, заради која постојат другите одредби од договорот, кои се патоказ како да се стигне до финалната цел – изборите. Министрите и замениците со право на вето согласно договорот треба да осигураат балансираност на институциите и одвраќање од потенцијална улога на институциите во фаворизации и дискриминации, и тоа е функцијата на овие лица. Тие треба да ја обезбедат демократијата, а не да бидат алатки во политичкатата функција. Тие треба да го бранат, а не да го напаѓаат правото на глас. Тие треба да не дозволат влијанија на институциите во изборниот процес, а не да прават влијание во изборниот процес. На ист начин треба да дејствува и специјалниот јавен обвинител, чија работа целосно ќе ја почитуваме и ќе ја подржуваме во сите елементи кои се предвидени со договореното. Ние немаме од што да стравуваме. Сакам да верувам дека и нашите политички конкурентни нема од што да стравуваат. Ако стравуваат од нас, нема потреба да стравуваат, бидејќи ние од нив не стравуваме. И не треба да стравуваме едни од други, треба да стравуваме само од народот. Јас барам народот да одлучи на кого му верува.Граѓаните добро не знаат сите нас политичарите, и ние немаме од што да стравуваме, не, ние напротив се радуваме на денот на изборите и го исчекуваме, ние инвестираме политички капитал за тој ден 24- април да биде празник на демократијата, ден во кој сум длабоко убеден дека ќе изчезнат сите политички магли, истекна Груевски.

Премиерот вели дека на изборите закажани за 24-ти април наредната година се ќе се разјасни.

-Дотогаш како ми изгледа ќе има уште магла, уште сеење магла, ќе има уште многу валкани обиди за рушење на државата и волјата на народот, но ние ќе стоиме рамо до рамо со народот и нема да го изневериме.Ги знам сите теории, ги слушам сите критики, и сите шпекулации. Ние нема да го изневериме народот, за тоа ви давам збор. Знаеме што правиме и во кој правец одиме! Битката ќе ја добиеме! Ова е битка повеќе од тоа што изгледа! Не го заборавајте тоа. Сите вие, сите ние имаме одговорност пред државата пред нејзината историја, пред нејзината иднина, пред 4те свети букви ВМРО – пред идеалите на организацијата и жртвата на нејзините активисти! Ова е твоја земја! Ова е наша земја! Не го заборавајте тоа! Вие одлучувате и никој друг, поентираше премиерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top