| четврток, 6 декември 2018 |

Со „водена диета“ се губи и половина килограм на ден

Доколку ви е потребно малку да ослабете, ви ја препорачуваме новата хит диета, базирана на вода, со која на здрав начин ќе ги изгубите несаканите килограми.

Ако сакате да се ослободите од вишокот килограми од проблематичните делови, ова е вистинската диета за вас.

Со помош на „водената диета“, можете да ослабете половина килограм на ден.

Меѓутоа, на ваков режим на исхрана не смеете да бидете постојано, туку најчесто секој втор ден. И тоа не долготрајно, туку само повремено, идеално е еднаш неделно.

Појадок: Голема чаша вода, чај или природен сок. Овошје и сок можете да јадете и да пиете колку сакате.

Ужина: Голема чаша вода, чај или природен сок. Неколку плодови овошје, комбинирајте различни видови.

Ручек: Голема чаша вода пред јадење и чај после јадење. Менито се содржи од свеж зеленчук во количина по желба, со додаток на оцет, масло, лимон и зачини. На салатата можете да и додадете и маслинки. Дозволен зеленчук: артичоки, целер, зелена салата, морков, пиперка, краставица, кромид, пченка, домати.

Ужина: Голема чаша вода, чај или природен сок. Чаша млеко или јогурт или 30 грама сирење или парче овошје.

Вечера: Испијте чаша вода пред и шоља чај после јадење. Оброкот треба да содржи 100 грама месо (пилешко или телешко) или 150 грама риба (ослиќ) или едно јајце со зеленчук и овошје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top