Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, синоќа се сретна со претставници на дипломатскиот кор во земјата. Како што соопшти владината пресслужба, на средбата се разговараше за политичката состојба во земјата, а во насока на имплементација на Договорот од јуни/јули.
Беше истакната заложба кон изнаоѓање на решенија за надминување на предизвиците во врска со имплементација на договорот. Премиерот Груевски ја истакна посветеноста кон договорот и реализирање на обврските суштински и принципиелно и неопходноста од еднаква посветеност на сите инволвирани страни, стои во соопштението. Претставниците на дипломатскиот кор, како што информираа на средбата, имаат разговори со претставнците на сите политички партии а во насока на поттикнување на финализирање на договорот, се посочува во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии


