Нов миминален пораз од 2,5-3,5 претрпе Алкалоид на Европскиот клупски куп со што шансите за медал се минимални. Фармацевтите во возбудлив меч се поразени од силниот руски тим Сибир предводен од Владимир Крамник. Токму тој на првата табла го надигра Василиј Иванчук и најави вреден триумф на Сибир. Еден од најсилните шахисти на планетата кинескиот велемајстор Ли Чао беше подобар од Дмитри Андрејкин што беше доволно за победа на рускиот состав. Јури Криворучко беше единствениот кај Алкалоид кој забележа цел поен, откако го надмудри Ју Ванг, но тоа бешре недоволно да се освојат бодовите. Во останатите три партии немаше победник.
Алкалоид во последното коло утре ќе игра со израелската екипа Бер Шива, а ќе тргне од осмата позиција во битка за бронзениот медал. За таков подвиг им треба убедлива победа во последната рунда и пораз на Медни Всадник од Сокар.
Пораз и тоа уверлив од 1-5 денеска претрпе и Гамбит од Вордлтрејдинг клаб од Модена, со што и тие го расипаа пласманот и се наоѓаат на 25. позиција.
Кај дамите Гамбит бие битка за медал и тоа сребрен во директен дуел утре со руска Угра. На шахистките на македонскиот состав им треба реми за да бидат сребрени. Денеска тие со максимален резултат од 4-0 ја победија екипата на Ришон Лезион од Израел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.