Црногорскиот претседател Филип Вујановиќ денеска изјави дека утрешните протести на опозицискиот Демократски фронт во Подгорица не треба да им се закануваат на граѓанскиот мир и ред, како и на слободата и правата на другите граѓани, и подвлече дека дијалогот е начин за надминување на разликите во политиката, пренесе Танјуг.
-Стабилноста на Црна Гора и нејзиниот развој е интерес над сите останати интереси и сите во општеството треба да се посветат на таа цел, изјави претседателот, цитиран од Радио и Телевизија Црна Гора.
Вујановиќ повтори дека Црна Гора оди по јасен пат на развој и интеграција и има историска шанса во декември да добие покана за членство во НАТО, што, според него, ќе биде силен придонес кон безбедноста на земјата и ќе даде можност за постигнување подобар стандард на граѓаните.
Црногорската Влада го отфрли ултиматумот на Демократскиот фронт до утре да поднесе оставка за да се формира преодна Влада, која ќе организира демократски и чесни избори.
Премиерот Мило Ѓукановиќ изјави дека по сериозна анализа Владата го отфрлила барањето на дел од опозицијата да си поднесе оставка, затоа што има полн легитимност и затоа ќе продолжи да работи.
Во Демократскиот форнт остануваат цврсто на своите позиции дека нема да се откажат од своите барања за соборување на Владата, како и од утрешниот протестен настан во Подгорица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени
-
Се протестира во Молдавија за обединување со Романија