| четврток, 6 декември 2018 |

Од 19 јуни во Македонија се регистрирани над 168 илјади мигранти

Од вчера во 8 часот до денеска во исто време, издадени се потврди на вкупно 3.255 странски државјани, за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Како што соопшти МВР, од странските државјани 1.555  се од машки пол, 578 се од женски, 751 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 371 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда. Според државјанството најбројни се државјаните на   Сирија-2.286, Авганистан-443, Ирак-326, додека другите се во помал број.

Во истиот период до Одделението  за азил не се поднесени  барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Инаку од 19.06.2015 до утрово во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 168.452 странски државјани, од кои најбројни се државјаните на Сирија-114.667, потоа Авганистан-28.656 и Ирак-12.951.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до денеска до Одделението  за азил се поднесени 70 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top