| четврток, 6 декември 2018 |

Русија и Јордан ќе ги координираат активностите во Сирија

Руските и јорданските вооружени сили се договорија да ги координираат своите активности во Сирија, соопшти денеска во Виена рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров по средбата со својот јордански колега Насер Џуде.

Координацијата ќе се спроведува преку специјален работен механизам во Аман, објасни Лавров.

Тој покани и други земји да се приклучат кон механизмот во јорданската престолнина.

-Неопходно е активирање на меѓународните напори за надминување на конфликтот во Сирика врз основа на Женевскиот договор, повика Лавров.

Тој потенцира дека Јордан игра важна улога во тој правец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top