Вооружени исламисти од групата „Боко харам“ утринава го зазеле камерунскиот град Керава, што се наоѓа во најсеверниот дел на земјата, на границата со Нигерија, соопштија француските медиуми.
-„Боко харам“ од утринава го контролира Керава, информира извор близок до локалните власти.
Според него, во денешниот упад на исламистите има и убиени цивили.
Изворот наведува дека во Керава се упатени единици на камерунската армија, но засега не се знае дали во градот се водат борби со исламистите.
Извор од безбедносните служби изјави дека вчера во џамија биле убиени 11 лица, но таа информација официјално се уште не е потврдена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Според УНИЦЕФ од 2013. Боко Харам киднапирал повеќе од 1.000 деца
-
Чиле се мачеше со Камерун но стигна до стартната победа на Купот на конфедерациите (видео)
-
Камерун со целосен пресврт славеше над Египет и го освои Купот на африканските нации
-
Камерун му се придружи на Египет во финалето на Купот на африканските нации (видео)