| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто опаѓа сексуалната желба во долга врска?

Сексолозите наведуваат неколку клучни причини зоштодвојките со тек на времето го губат интересот за секс, а повеќето од тие причини и самите ги знаеме. Тие потекнуваат од стресниот начин на живот, а прв на листата на сите двојки е заморот поради секојдневните обврски. Двајцата партнери работат, се грижат за децата и за сето останато, и речиси немаат одмор. Кога работниот ден конечно ќе заврши, тие чувствуваат близина и поврзаност, но преферираат да заспат прегрнати, отколку да се впуштат во секс, бидејќи се премногу изморени.

zena maz krevet

Во креветот ништо не се менува, а времето поминува, ние се менуваме, потребите и барањата ни се поинакви, потребно ни се повеќе инспирација и предизвици, а сексуалната рутина останува иста. Сексот станува предвидлив и здодевен, особено ако едниот партнер иницира новитети, а другиот не ги прифаќа. Тоа е втората најчеста причина за опаѓање на сексуалната желба, која сексолозите ја утврдиле во работењето со бројни љубовни двојки.

Негативниот емотивен набој е, исто така, клише во односите кои водат кон сексуалната незаинтересираност. Кога жената носи поголем дел од товарот во заедницата, лутината поради инертниот, разгален и неодговорен партнер и наталоженото незадоволство прават да се изгуби секој интерес за секс. Мажот ќе дојде во истата ситуација со расипничката и непромислена партнерка, која не ја почитува, но жените почесто се наоѓаат во ваквата позиција. Сексот се користи како награда и казна, но ваквата политика никого не му дотерала памет, а често придонесувала за оддалечување на партнерите. Кога сексот не е извор на задоволство, туку средство на манипулација, го губи својот основен квалитет.

Запоставувањето на телесниот изглед е причина на која се жалат и мажите и жените. Им пречи кога партнерот премногу се здебелува и кога изгледа запуштено и немарно. Освен тоа, кога ќе се запуштиме, тогаш и не се чувствуваме привлечно и секси, а со тоа можеби искажува некој отпор и нешто му порачуваме на партнерот – задоволните луѓе водат сметка за својот изглед.

Лековите влијаат на либидото

Лековите за смирување, антидепресивите, лековите за висок крвен притисок и за срцеви заболувања, ќе ја намалат сексуалната желба. Нивото на хормоните е последен на списокот, но оваа можна причина треба да се земе сериозно и да се направат потребните испитувања. Тестостеронот директно е поврзан за способноста на доживувањето на сексуалното задоволство, а со тоа и за расположението за секс. Женското ниво на хормони постојано осцилира во текот на циклусот, но тие осцилации се очекувани и препознатливи. Доколку чувствувате дека нешто не е вообичаено во таа смисла, треба да се посомневате на сексуален дисбаланс.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top