| четврток, 6 декември 2018 |

Бердих: Во тенисот нема вистински пријатели

Чешкиот тенисер Томаш Бердих кој игра во се подобра форма пред последните два Мастерс турнири во сезоната, Париз и завршниот во Лондон, изјави дека е невозможно да се имаат вистински пријатели во тенисот.

– Да одам на вечера со Федерер, Новак или Надал? Не, тоа не е случај. Не е дека баш не сме пријатели, но секој има свој живот, свој тим, своја приватност како би се концентрирал на работите кои му се важни“ – вели Бердих и дополнува

– Тешко ми е да кажам кој ми е најдобар пријател меѓу колегите, затоа што е невозможно да имаш во тој круг вистински пријатели. Во секој случај, има многу кои ги почитувам и со кои немам некои посебни недоразбирања.

Можеби ваквиот негов став се должи на тоа дека повеќето од тенисерите поради неговата контраверзност на терените и надвор од нив го избегнуваат и не сакаат да се дружат. Томаш Бердих не е омилен лик меѓу колегите на АТП-турот.

Бердих вели дека е задоволен од нивото на неговата игра, притоа посакувајќи да се пробие во Топ 3 тенисери. Досега во својата кариера освоил 11 титули и играше во финалето на Вимблдон во 2010 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top