Еврпоскиот шампион Реал Мадрид беше немилосрден кон Црвена Звезда во второто коло од кошаркарската Евролига (98-71)
„Кралевите“ важеа за апсолутни фаворити во овој дуел на домашен паркет, но никој не очекуваше иако резултатот тоа и не го покажува, дека Реал толку ќе го торпедира тимот на шампионот на АБА лигата.
На полувремето Реал имаше предност од 36 разлика (56-20) и по трета четвртина од 41 кош разлика (82-41).
Реал Мадрид уште од првиот напад влезе макисмално ангажирано и целиот бес од поразот од првото коло од Химки, го истурија врз составот на „црвено-белите“ иако белграѓани настапија без тројца првотимци поради повреди.
Панатинаикос стигна до првата победа во својата група, славејќи над Каршијака со 85-73. Како клучна се покажа првата четвртина што ПАО ја доби со 30-15, предност што избраниците на Александар Ѓорѓевиќ рутински ја задржаа до самиот крај. Џејмс Гист беше незапирлив за турскиот шампион постигнувајќи 27 поени, додека искусниот Дијамантидис реализираше 12 поени и 8 асистенции.
Резултати:
Анадолу Ефес – Емпорио Армани 89-73, Цедевита – Лимож 80-84, Макаби – Уникаха 82-93, Баерн М. – Химки 69-60, Панатинаикос – Каршијака 85-73, Реал М. – Црвена звезда 98-71.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Најголемата катастрофа во Јапонија однесе 156 лица
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)