Словенија ја обвини хрватската полиција дека е нехумана кон мигрантите и дека ги остава на места кои не се контролирани од словенечките гранични власти, пренесе Танјуг.
Овие тврдења беа поткрепени и со снимки, регистрирани од термокамера од хеликоптер, што беа прикажани на прес конференција во Љубљана.
-Ги пуштаат неорганизирано да ја минат реката Сутла. Не ги упатуваат кон мостот, а тоа го снимија хеликоптерите на нашата полиција. Хрватите луѓето ги испраќаат во несоодветна облека и обувки да ја преминат студената Сутла, а нас не обвинуваат дека сме неорганизирани, изјави државниот секретар во Министерството за внатрешни работи Боштјан Шефиц.
Тој додаде дека Хрватите постојано зборуваат за тоа колку се хумани, а деца и старци фрлаат во студената вода, и притоа Хрватска ја обвини дека се обидува да ја дискредитира Словенија.
Државниот секретар соопшти дека досега преку Словенија минале 38. 000 мигранти.
На границата во моментов има 214 војници, кои им помагаат на полицајците да се справат со приливот на мигранти.
До крајот на денот словенечките власти очекуваат да се разместат вкупно 400 мигранти
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.