| четврток, 6 декември 2018 |

Античките монети од Штип ја раскажуваат историjата

Мо­не­ти­те од брон­за, сре­бро и од зла­то се нај­ве­ро­до­сто­ен до­каз де­ка па­ри­те што ги ко­ве­ле ма­ке­дон­ски­те кра­ле­ви се спо­ме­ни­ци на кул­ту­ра­та и на умет­нич­ко­то тво­реш­тво што сме ѝ го да­ле на свет­ска­та ци­ви­ли­за­ци­ја

Штип е еден од нај­ста­ри­те гра­до­ви во Ма­ке­до­ни­ја. По­во­дот за по­се­та­та на овој град во источ­на Ма­ке­до­ни­ја бе­ше из­лож­ба­та на ста­ри мо­не­ти. Во Му­зе­јот на Штип доз­на­ва­ме де­ка во пи­шу­ва­ни­те до­ку­мен­ти, име­то Асти­бо за прв­пат го спо­ме­ну­ва ан­тич­ки­от хро­ни­чар По­ли­ен во тре­ти­от век пред на­ша­та ера, кој из­ве­сту­вал де­ка во ре­ка­та Асти­бо, де­неш­на Бре­гал­ни­ца, би­ле кру­ни­су­ва­ни пе­он­ски­те кра­ле­ви. Штип се спом­ну­ва и во пр­ви­от век од н.е., во вре­ме на рим­ски­от цар Ти­бе­риј ка­ко па­јон­ски­от град Асти­бо, и се вбро­ју­вал ме­ѓу по­го­ле­ми­те и поз­на­чај­ни ста­ро­пе­он­ски гра­до­ви во источ­на Ма­ке­до­ни­ја. На­уч­ни­ци­те го ло­ци­ра­ат Асти­бо на про­сто­рот од де­неш­ни­от стар дел на гра­дот Штип, на источ­ни­те па­ди­ни на ри­дот Исар и на ло­ка­ци­и­те Стар ко­нак, Туз­ли­ја и Гор­но ма­а­ло. Гра­дот е за­бе­ле­жен и во Та­бу­ла Пој­тин­ге­ми­ја­на (ан­тич­ка кар­та од че­твр­ти­от век) ка­ко на­сел­ба, ед­на од ста­ни­ци­те на па­тот за Сто­би-Па­у­та­ли­ја (Ќу­стен­дил) – Се­ди­ка (Со­фи­ја).

rep163-muzej-Stip-moneti-2

Но, Штип е поз­нат по тоа што ток­му во овој град би­ла при­ка­жа­на пр­ва­та опе­ра во Ма­ке­до­ни­ја. Тоа би­ла опе­ра­та „Пал­ја­чи“, из­ве­де­на во 1924 го­ди­на од стра­на на ру­ски­от му­зи­ко­лог Сер­геј Ми­хај­лов. Сѐ до де­нес Штип и штип­ја­ни ја не­гу­ва­ат сво­ја­та исто­ри­ја и кул­ту­ра. А има­ат и зо­што. Во штип­ски­от му­зеј е прет­ста­ве­но огром­но бо­гат­ство иско­па­но на ар­хе­о­ло­шки­те ло­ка­ли­те­ти крај овој град. Ста­ну­ва збор за око­лу 1.000 мо­не­ти од нај­раз­лич­ни вре­мен­ски пер­и­о­ди. И тие све­до­чат за исто­ри­ја­та на Штип. Име­но, на де­неш­ни­ве про­сто­ри во ми­на­то­то има­ло го­лем број ко­вач­ни­ци. Дел од мо­не­ти­те што се про­нај­де­ни во бре­гал­нич­ки­от ре­ги­он и се из­ло­же­ни во штип­ски­от му­зеј да­ти­ра­ат уште од вре­ме­то на Па­јон­ци­те.

rep163-muzej-Stip-moneti-3

Оваа из­лож­ба всуш­ност ја прет­ста­ву­ва исто­ри­ја­та на бре­гал­нич­ки­от ре­ги­он рас­ка­жа­на низ 1.000 мо­не­ти. Тие во се­бе кри­јат зна­чај­ни при­каз­ни по­вр­за­ни со жи­во­тот и со се­којд­не­ви­е­то на овој ре­ги­он. На оваа те­ри­то­ри­ја при­сус­тво­то на мо­не­ти е за­бе­ле­жа­но од пет­ти­от век пр.н.е. до де­нес.

- Нај­ка­ра­кте­ри­стич­ни мо­не­ти се оние од па­јон­ско­то ко­ве­ње мо­не­ти, по­на­та­му од авто­ном­но­то ко­ве­ње на ма­ке­дон­ски­те на­ро­ди од вто­ри­от век п.н.е. и нај­го­ле­ма цир­ку­ла­ци­ја се за­бе­ле­жу­ва во доц­но­ан­тич­ки­от пер­и­од – ве­ли ну­миз­ма­ти­ча­рот Гор­да­на Ја­не­ва.

rep163-muzej-Stip-moneti-4

Раз­лич­ни­те пер­и­о­ди и об­ли­ци во кои тие се ја­ву­ва­ат, ка­жу­ва­ат мно­гу за те­ри­то­ри­ја­та ка­де што се про­нај­де­ни.

- Ну­миз­ма­ти­ка­та го одра­зу­ва кон­тек­стот на тр­гу­ва­ње, но да­ва и исто­ри­ски по­да­то­ци спо­ред она што вре­жа­но на нив – сме­та Зо­ран Чи­тку­шев, ди­ре­кто­рот на За­вод – Му­зеј, Штип.

Освен за лу­ѓе­то и за еко­но­ми­ја­та, па­ри­те збо­ру­ва­ат и за вла­де­те­ли­те.

- Мо­же­ме да на­пра­ви­ме ре­кон­струк­ци­ја на тоа кои сѐ лу­ѓе жи­ве­е­ле на да­де­на те­ри­то­ри­ја и ка­ко тие мо­не­ти цир­ку­ли­ра­ле, зна­чи ка­жу­ва­ат за тоа кој сѐ вла­де­ел на оваа те­ри­то­ри­ја – ве­ли уни­вер­зи­тет­ски­от про­фе­сор Ан­то­нио Ја­ки­мов­ски.

Си­те мо­не­ти про­нај­де­ни на те­ри­то­ри­ја­та на бре­гал­нич­ки­от ре­ги­он, се из­ло­же­ни во ну­миз­ма­тич­ка­та по­ста­вка на штип­ски­от За­вод – Му­зеј и неа го­диш­но во про­сек ја по­се­ту­ва­ат око­лу 1.000 љу­би­те­ли на ста­ри па­ри.

rep163-muzej-Stip-moneti-5

Автор на из­лож­ба­та е м-р Гор­да­на Ја­не­ва.

- Пре­зен­ти­ра­ни­от ну­миз­ма­тич­ки ма­те­ри­јал на из­лож­ба­та во ед­на си­сте­ма­ти­зи­ра­на це­ли­на да­ва сли­ка на еден кон­ти­ну­и­ран раз­вој за исто­ри­ја­та на па­ри­те – ве­ли Ја­не­ва.

- Из­лож­ба­та го оп­фа­ќа пер­и­о­дот од па­јонс­тво­то, па сѐ до сред­ни­от век, а низ пре­зен­ти­ра­ни­от ма­те­ри­јал мо­же да се ви­ди и тех­ни­ка­та за изра­бо­тка на мо­не­ти – ве­ли ди­ре­кто­рот на За­вод и Му­зеј – Штип, Зо­ран Чи­тку­шев.

Па­ри­те се ог­ле­да­ло на исто­ри­ја­та на еден на­род. Тие прет­ста­ву­ва­ат не­по­би­тен факт за сѐ она што е тој на­род, за не­го­во­то по­сто­е­ње и иден­ти­тет. Та­ка и исто­ри­ја­та на Ма­ке­до­ни­ја мо­же да се ви­ди пре­ку ма­ке­дон­ски­те па­ри кои се ко­ве­ле на овие про­сто­ри. Иден­ти­те­тот и исто­ри­ја­та на ма­ке­дон­ски­от на­род е прет­ста­вен низ ко­ве­ње­то на па­ри­те. Мо­не­ти­те од брон­за, сре­бро и од зла­то се нај­ве­ро­до­сто­ен до­каз де­ка па­ри­те што ги ко­ве­ле ма­ке­дон­ски­те кра­ле­ви се спо­ме­ни­ци на кул­ту­ра­та и на умет­нич­ко­то тво­реш­тво што сме ѝ го да­ле на свет­ска­та ци­ви­ли­за­ци­ја. Злат­ни­те па­ри од ма­ке­дон­ски­те царс­тва оста­наа не­над­ми­на­ти по сво­ја­та умет­нич­ка кре­а­ци­ја, уба­ви­на, ори­ги­нал и по сво­ја­та сим­бо­ли­ка. Та­ка, злат­ни­те ста­те­ри на Фи­лип Вто­ри и на Але­ксан­дар Ма­ке­дон­ски и де­нес сѐ стан­дард за ко­ве­ње па­ри во све­тот.

rep163-muzej-Stip-moneti-6

До­а­ѓа­ме и до по­да­ток за по­тек­ло­то на на­зи­вот на де­неш­на­та ма­ке­дон­ска ва­лу­та –„де­нар“. Име­но, ко­га Ма­ке­до­ни­ја билa под власт на Рим­ја­ни­те, по­крај про­вин­ци­ски­те мо­не­ти, во цир­ку­ла­ци­ја на те­ри­то­ри­ја­та на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја вле­гол рим­ски­от де­нар, кој име­то го до­бил од ла­тин­ски­от збор „де­ни“ (deni), „по де­сет“ – што ја оз­на­чу­ва­ло не­го­ва­та пр­во­бит­на вред­ност од де­сет аса, ко­ја на дел од де­на­ри­те е оз­на­че­на со сим­бо­лот „X“. Спо­ред оваа но­ми­на­ла е име­ну­ва­на и де­неш­на­та ма­ке­дон­ска ва­лу­та.

rep163-muzej-Stip-moneti-7

Пре­зен­ти­ра­ни­те мо­не­ти на из­лож­ба­та се са­мо дел од бо­га­ти­от ма­те­ри­јал што го по­се­ду­ва штип­ски­от Му­зеј.

- Имав мож­ност да ја по­се­там иск­лу­чи­тел­но вред­на­та из­лож­ба на мо­не­ти во Штип кои се дел од вред­на­та збир­ка мо­не­ти со кои рас­по­ла­га за­во­дот и кои се про­нај­де­ни за вре­ме на истра­жу­ва­ња­та на ар­хе­о­ло­шки­те ло­ка­ли­те­ти во бре­гал­нич­ки­от ре­ги­он кои по­тек­ну­ва­ат од 4. до 19. век. Овие вред­ни мо­не­ти све­до­чат за жи­во­тот, тра­ди­ци­и­те, вла­де­те­ли­те, ре­ли­ги­ја­та и за кул­ту­ра­та на ма­ке­дон­ски­те про­сто­ри во из­ми­на­ти­те ве­ко­ви – ве­ли ми­ни­стер­ка­та за кул­ту­ра, Ели­за­бе­та Кан­че­ска-Ми­лев­ска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top