Фан-страницата на „Фејсбук“ на кандидатот за градоначалник на општина Центар од коалицијата „Сојуз за иднината“, Андреј Жерновски, во која се спроведува вториот изборен круг, а кој на првиот круг освои поголем број гласови од неговиот противкандидат од коалицијата на власта, Владимир Тодоровиќ, е хакирана денеска и на неговиот времеплов се постирани коментари со навредлива содржина.
Интервенирано е во пораката што стои како насловна на профилот и место зборот „победа“, стои зборот „беда“, а во написите се коментира дека кандидатот е предавник на својата идеологија и дека се договорил со власта за резултатот од вториот изборен круг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.