| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска ќе побара меѓународна помош за бегалците

бегалци3

Хрватската Влада одлучи да побара меѓународна материјална помош за приемот на бегалците, каде од почетокот на мигрантската криза, 16 септември, влегле над 217.000 луѓе, јави ХИНА.

На листата неопходни работи Хрватска наведува цистерни за вода, зимски шатори, станбени и санитарни контејнери, кревети, апарати за затоплување, облека и гумени чизми.

Хрватскиот министер за внатрешни работи Ранко Остоиќ изјави дека списокот ќе се менува во зависност од новонастанатите потреби на мигрантите.

Словенија од земјите-членки на Европската унија побара дополнителни полициски сили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top