| четврток, 6 декември 2018 |

Прв македонски фолклорен фестивал „Сонце 2015” во Корча

Македонскиот културен центар „Сонце”, по повод празникот 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба, во Корча, Албанија, организира македонски фолклорен фестивал „Сонце 2015”.

– На фестивалот ќе настапат четири македонски фоклорни групи од Албанија од областите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора. Од Пиринска Македонија ќе настапи македонската фолклорна група „Разлошки мераци” на друштвото „Пирински глас” од Разлог и од Република Македонија ќе настапи ансамблот „Македонија” – вели Васил Стерјовски од МКЦ „Сонце“.

На фестивалот ќе бидат изведени изворни македонски народни песни и ора. Овој значаен културен настан за Македонците во Албанија ќе се одржи во театарот „Андон З. Чајупи” во Корча на 23 октомври со почеток во 18 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top