Чешкото Министерство за надворешни работи утре ќе реши дали ќе го евакуира персоналот на чешката амбасада во Пјонгјанг, Северна Кореја. Формираниот кризен штаб, како што соопшти Министерството, смета на три варијанти: евакуација на дипломатите, пренесување на неодредено, побезбедно место или, пак, останување во Пјонгјанг.
Северна Кореја во петокот ги предупреди странските амбасади поради закана од војна и препорача евакуација. Чешките дипломати од тамошните власти добиле уверување дека нема никаков притисок врз странските партнери туку доколку решат да останат нема да може да им биде гарантирана безбедноста на персоналот.
Чешка во 2004 година ја отвори дипломатската мисија во Северна Кореја, откако претходно во 1993 ја затвори. При отворањето, Чешка на севернокорејската страна ѝ понуди и помош за надминување на меѓународната изолација.
Северна Кореја во последниве недели ги засили своите закани врз јужниот сосед и САД. Со Јужна Кореја го прекина договорот за ненапаѓање, се закани со превентивен нуклеарен напад врз САД и ги насочи ракетите и артилеријата кон американската воена база. Северна Кореја, исто така, најави дека ќе го стави во употреба нуклеарниот реактор во Јонгбјон, исклучен во 2007 година, и инсталираше две ракети со среден дострел на мобилните лансирни рампи на источниот брег на земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Експлозија во близина на американската Амбасада во Пекинг (видео)
-
Ако незнаете каде да одите на одмор, еве предлог: Вака изгледа летување во Северна Кореја!
-
Андреј Бабиш: Чешка нема да прима ниту луѓе кои бегаат од војна!
-
Хоџа и Бошковски персони нон грата во САД: Амбасадата на САД изрази загриженост поради новоименуваните советници на Заев


