Последното засилување на шаховскиот клуб Алкалоид, Ју Јангји, забележа вреден успех на последната шеста табла против Збињек Храчек за вкупна победа на скопјани од 3,5-2,5 со Нови Бор од Чешка во дербито на четвртото коло на Европскиот клупски куп.
Сите останати партии завршија со реми, доволно за да се освојат бодовите и да се задржи максималниот учинок од 8 бода.
Денеска за Алкалоид ќе има нов сериозен тест и меч за останување во битката за медали. Противник е Објетиво Падова, една од насјилните екипи на турнирот.
Втората наша екипа на Купот, Гамбит загуби од Бер Шева со 2-4. Женскиот состав на Гамбит забележа триумф од 3,5-0,5 против холандскиот тим Де Штукенјагерс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Алкалоид преку хуманитарен пикник донираше над милион и 50 илјади денари за Здружението „Животот со предизвици“
-
ШК „Алкалоид“ се подготвува за Европскиот Клупски Куп 2018
-
„Алкалоид“ со раст на консолидираниот извоз, нето добивка, инвестиции и 105 нови вработувања
-
Филип Панчевски од шаховскиот клуб на Алкалоид триумфираше на меѓународниот турнир во рапид темпо