| четврток, 6 декември 2018 |

„Викиликс“ објави приватна е-пошта на директорот на ЦИА

John-Brennan

На сајтот „Викиликс“ се објавени приватни е-пораки на директорот на ЦИА Џон Бренон.

Материјалите, веројатно, се добиени од хакери, кои за американскиот весник „Њујорк пост“ се претставил како ученик од средно училиште, кој се противи на американската надворешна политика. Хакерот, наводно, се претставил како работник на компанијата за телекомуникации „Верзион“ и со измама од друг работник ги зел личните податоци од Бренон.

Меѓу објавените документи е барањето за безбедносна проверка, која Бренан ја поднел при аплицирањето за советник за борба против тероризмот во Белата куќа. Во документот го има и бројот на социјалното осигурување на неговата сопруга, како и имиња на луѓе со кои соработувал додека работел за ЦИА.

Освен тој документ, за кој сè уште не е јасно дали содржи информации што ја загрозуваат националната безбдност, ниеден друг документ не изгледа дека има чувствителни информации.

Сите документи се од периодот пред 2009 година, кога се вработил во Белата куќа. Во еден документ, кој изгледа дека е упатен до претседателот Барак Обама, Бренан го изложува својот предлог за соочување со Иран, кој е сличен на пристапот „стап и морков“, кој американската администрација го применува во убедувањето на Техеран да се приклучи на преговорите за својата нуклеарна програма.

Како што е напишано, САД немаат избор, него да најдат начин да коегзистираат и да се помират со кој и да е на власт во Техеран.

– Иран ќе мора да се смири со САД.  Можноста Техеран да развива свои политички и економски интереси се темели на не-непријателските односи со САД и со Западот – пишува Бренан.

Директорот на ЦИА исто така го советува Обама да ја ублажи реториката со Иран, а Вашингтон да воспостави директен дијалог со Техеран, критикувајќи го поранешниот претседател Џорџ Буш поради ословувањето на Ирак како „оска на злото“.

Објавено е и писмо од 2008 година кое тогашниот потпретседател на Одборот за разузнавање во Сенатот Кит Бонд го испратил до своите колеги, а во кое се говори за техниките за испрашување кои ги користи ЦИА.

Викиликс најави дека деновиве ќе објави  уште документи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top