| четврток, 6 декември 2018 |

Штајнмаер: Бегалската криза не смее да внесе судири на Балканот

стајн

Министерот за надворешни работи на Германија Франк-Валтер Штајнмаер предупреди денеска дека не смее да се дозволи несогласувањата околу реакцијата на бегалската криза да доведат до нови судири меѓу државите од поранешна Југославија.

– Мораме да обезбедиме, пред се, движењето на бегалците да не донесе нови судири во регионот во кој напорно работевме претходните години на смирување на конфликтната ситуација по распадот на Југославија, изјави Штајнмаер пред новинарите во Берлин.

Во последните неколку месеци стотици илјадници бегалци од Блискиот исток минуваат по балканската рута во настојување да дојдат до Западна Европа. Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер по тој повод, в недела ќе одржи итен состанок со лидерите од државите од Западен Балкан и лидерите на некои членки на Европската унија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top