| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата на Словенија би можела да го зголеми бројот на резервисти

словенија
Во Словенија се разгледува можноста да се зголеми бројот на полициските резервистите и повторно да се ангажираат некои пензионирани полициски резервисти со цел да се излезе на крај со илјадниците бегалци кои минуваат низ земјата на патот кон Австрија, соопшти денеска полицијата на Словенија.

Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи на Словенија Боштијан Штефиц навести дека неговото Министерство ќе и предложи на Владата бројот на полициските резервисти да се зголеми од 250 на 800, како и да се побараат улуги од пензионираните полициски офицери.

Од сабота изутрина во Словенија влегоа повеќе од 20.000 бегалци, од кои најмалку 6.000 изминатата ноќ ја минале во таа земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top