Во чест на јубилејот 10 години постоење на Здружението „Стари занаети“ од Неготино, копаничарите од овој град започнаа да спроведуваат проект со наслов „Со уметноста и занаетот против пороците на 21 век“.
– Во проектот се вклучени 20 учесници, млади, невработени и други заинтересирани лица кои имаат афинитет кон уметноста и кон копаничарството, како и шест обучувачи. Обуката е бесплатна, а целта е да се научи копаничарството како традиционална уметничка обработка на дрво која претставува богато културно уметничко наследство на Република Македонија и општина Неготино – информираше Љиљана Василева од Здружението „Стари занаети“.
Таа нагласи дека проектот е една од многубројните активности кои ги има здружението на копаничарите од овој град.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст