Астрономите за ноќта помеѓу среда и четврток најавуваат спектакуларен дожд од метеори, односно народски речено, дожд од ѕвезди.
Ѕвездите што паѓаат кои ќе може да ги видиме се всушност отпаднати парчиња од Халиевата комета, која последен пат во целост е видена во 1986 година, а следниот пат ќе може со голо око да се забележи дури во 2061 година. Оваа појава која астрономите ја викаат и „ориониди“ е вообичаена за секој октомври, кога низ атмосферата на земјата поминува таканаречениот прав од Халиевата комета.
Главниот бран на овој метеорски дожд ќе се случи во четврток околу 01.30 часот наутро. Се најавува видливост на дури и по 20 ѕвезди што паѓаат на час. Доколку ноќеска поради училиште/работа морате да спиете, не грижете се, оваа појава ќе биде видлива сѐ до крајот на викендот, само што ќе паѓаат помалку ѕвезди на час.
Интересно е дека овој метеорски дожд ќе биде видлив во поголемиот дел од светот. Освен во Европа, ќе може да се види во делови од Азија, Јужна Америка, Африка и Австралија.
Според народните верувања, кога ќе видите ѕвезда што паѓа, треба да замислите желба и истата не смеете да му ја кажете на никој за да ви се оствари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.