| четврток, 6 декември 2018 |

Дополнителни 78 милиони денари за примателите на социјална помош

­ Проектот за условен паричен надомест за семејствата корисници на социјална парична помош ќе продолжи и следната година. За учебната 2015 -­ 2016 за таа намена се предвидени 78 милиони денари, информира денеска министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Општина Сарај.

dime

 

Семејствата корисници на социјална парична помош чии деца се редовни ученици во средно образование со проектот добиваат дополнителна помош од 12.000 денари. ­

– Овој проект го реализираме од 2010 година и досега се инвестирани 358 милиони денари за овој надомест кој значи дополнителна финансиска поддршка за семејствата корисници на социјална парична помош – изјави Спасов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top