| четврток, 6 декември 2018 |

Детска порака на „Фејсбук“ собра милион лајкови

За да добијат домашно милениче, мало кученце, пет деца требале да соберат милион лајкови за еден ден. И им успеало!

Децата на Рајан Кордел сакале да имаат куче за милениче. Но, нивниот родител Рајан Кордел им дал задача – за 24 часа да соберат милион лајкови на социјалната мрежа „Фејсбук“. Задачата била во согласност со новото време. Иако како експерт на социјалната мрежа би требало да знае подобро, Рајан се опуштил мислејќи дека нема да мора да купува куче. Меѓутоа, погрешил.

Неговите деца ги здружиле силите, снимиле фотографија на која стои натписот: „Поздрав до светот! Сакаме мало кученце. Нашиот татко вети дека ќе ни донесе ако собереме еден милион лајкови“.

И за само 13 часа тие собрале еден милион лајкови. Моментално имаат над 1,6 милиони лајкови.

– Изненадена сум. Не знам како успеаја така брзо да соберат толку лајкови, изјави нивната мајката за „Еј-Би-Си Њуз“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top