| четврток, 6 декември 2018 |

Марко Чаласан меѓу најпаметните тинејџери во светот

Сајтот Балкан инсајд пишува дека Марко е компјутерски гениј, кој на само 8 години веќе имаше добиени бројни признанија и дипломи од Микрософт.

Првиот сертификат го доби на возраст од само 6 години. Марко е вљубеник во математиката и физиката, почнал да чита и пишува на 2-годишна возраст.Кога наполнил 4 години веќе зборувал течно англиски јазик.

Тој предава информатика на деца од 8 до 11 годишна возраст во неговото основно училиште.Течно зборува три јазици, а моментално учи и четврт.

Премиерот на Република Македонија му даде ИТ лабораторија за да си го усоврши своето знаење и да напредува во иднина.

Марко е еден од четирите тинејџери кои не се по потекло од САД, а кои се најдоа на оваа листа.

Според листата, најпаметен тинејџер на светот е Џек Андрака од Мериленд, САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top