Во прифатниот центар за мигранти во Гевгелија изминатото деноноќие влегле 5.700 мигранти кои по евидентирањето заминале кон граничниот премин Табановце. Приливот на мигрантите се зголемил во вечерните часови поради што, покрај возови, во превозот се вклучени и автобуси и такси возила.
Од регионалниот Центар за управување со кризи во Гевгелија денеска соопштија дека по пристигнувањето на мигрантите им се дели храна и облека во куќарки за таа намена и оти на просторот пред септичката јама во кампот се монтирани корита за перење алишта кои активно се користат од страна на мигрантите.
Во помошта и донацијата на опрема, според договорот склучен со ЦУК, ќе се вклучи и ,,СОС детско село“ веднаш откако ќе добие локација за сместување во привремениот транзитен центар за мигранти.
Кетеринг службите почнаа да донираат топол оброк за мигрантите, а поради ограничениот опфат наскоро ќе се реши дали во просторот на кампот ќе има ви-фи конекција за потребите на службите и мигрантите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти