Владејачката коалиција во Ирак и влијателни шиитски милиции го повикуваат премиерот Хајдер ал Абади да побара руски воздушни напади врз „Исламска држава“, која контролира значителен дел од територијата во земјата, изјавија денеска нивни претставници.
Претседателот на Советот на генералштабовите на американските вооружени сили генерал Џозеф Данфорд рече за време на посетата на Багдад вчера, дека Ирак ги уверил САД, дека нема да бара вакви напади.
Абади, неговата Влада и милициите поддржани од Иран, изразуваат разочарување од темпото и опсегот на американската операција врз ИД, и најавија дека планираат да се потпрат на Русија.
Русија, Иран, Сирија и Ирак формираа разузнавачки центар во Багдад со цел да го зајакнат отпорот против ширењето на Исламска држава во регионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


