| четврток, 6 декември 2018 |

Колку се платени борците на Исламска држава?

Терористичката организација, „Исламска држава“ на луѓето им плаќа околу 10 илјади долари за човек, за да се борат во редовите на групата во Сирија и Ирак, пишува „Ал Ахрам“.

Елжбиета Карска, претседател на групата на ОН, која го истражува проблемот, изјави дека Исламска држава ги користи социјалните мрежи и врски „преку пријатели и роднини“ за да регрутираат борци кои се бореа за неа.

– Ако тој е добро образован, на пример, компјутерски специјалист или лекар, тие плаќаат и повеќе – вели Карска.

Сите износи се во долари. Така, според сметката за храна на екстремистите само за месец се зголемила за околу 884.000 долари, а 100.000 долари биле дадени за прес-центарот на терористите.

Одржување на касата чини 318. 000 долари, а за полицијата биле дадени 580. 000 долари. Крајниот износ кој го потрошиле исламистите во март е огромен.

Според податоците на медиумите, активата на „Исламска држава“ надминуваат два трилиони долари, а во тековната година нивниот приход ќе изнесува 2,9 милијарди долари.

Според зборовите на експертите, терористите продаваат не само нафта и гас, но вртат и трговија со храна и луѓе, а исто собираат и даноци.

Некои медиуми објавија дека „Исламска држава“ во моментов контролира седум наоѓалишта на нафта во Сирија и во Ирак, чие производство надминува 60.000 барели дневно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top