Даниел Редклиф ја доби улогата во познатите филмови за волшебникот Хари Потер кога имаше 11 години и од тогаш никако не можеше да се ослободи од тој имиџ, сè досега.
Актерот, чијашто кариера ја одбележи улогата во филмовите за Хари Потер, веќе подолго време се обидува да се „откачи“ од овој лик.
По сè изгледа дека, конечно, успеал во тоа.
Новото издание на дваесет и шестгодишниот актер, по сè изгледа, ќе биде пресврт во неговата кариера бидејќи сега апсолутно повеќе не личи на симпатичното момче волшебник.
Даниел ја избричи главата за својот нов филм „Империоум“ каде што му е доделена улогата на агент на ФБИ, кој има задача да се инфилтрира во група неонацисти.
Оваа драматична трансформација се случи само по неколку месеци откако беше виден со многу коса, мустаќи и брада на црвениот килим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Народот излезе на Плоштад Македонија во одбрана на името Македонија
-
Сексапилната бразилка: Мојот задник ќе ги предвидува резултатите на Светското во фудбал
-
Фотографии сведочат какви биле условите пред да се добие новиот лик на МНТ
-
Се роди љубов: Бариш Ардуч и Елцин Сангу заљубени до уши во новата серија (Фото/Видео)





