Рускиот велемајстор Дмитри Андрејкин му донесе вредна победа на шаховскиот клуб Алкалоид во битката за медали на Европскиот клупски куп во Скопје. Андрејкин во меч со 5 нерешени партии го победи Вугар Расулов на четвртата табла и им донесе на скопските фармацевти победа од 3,5-2,5 против азребејџанскиот состав Одлар Јурду.
Иванчук ремизираше со Сутовски на челната табла, а со ист исход завршија партиите Томашевски со Дурајарабли, Јаковенко против Бајарани, Криворучко со Абасов и Ју против Хусеинов.
Победа од 4-2 забележа и Гамбит Асеко Сее против холандскиот тим Калдер. По три кола Алкалоид има максимален ефект од 6 бода во групата од шесте водечки екипи. Утре „фармацевтите“ ќе играат со Нови Бор од Чешка во еден од дерби мечевите на четвртата рунда. Гамбит за противник го има реномираниот тим на Бер Шева од Израел.
Кај дамите Гамбит загуби од Нона со 1-3 и падна на третата позиција во конкуренција на 12 состави, кои играат на ЕКК во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Алкалоид преку хуманитарен пикник донираше над милион и 50 илјади денари за Здружението „Животот со предизвици“
-
ШК „Алкалоид“ се подготвува за Европскиот Клупски Куп 2018
-
„Алкалоид“ со раст на консолидираниот извоз, нето добивка, инвестиции и 105 нови вработувања
-
Филип Панчевски од шаховскиот клуб на Алкалоид триумфираше на меѓународниот турнир во рапид темпо