Американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли денеска изрази загриженост поради непостигнувањето договор на ноќешната лидерска средба за преостанатите точки од договорот од Пржино.
Длабоко сум загрижен поради неможноста на лидерите да постигнат договор. Договорот од Пржино е начин за да се обезбеди отчет и да се подобрат условите за слободни и фер избори и да и се стави крај на политичката криза во Македонија. Потребна е политичка волја за соочување со преостанатите прашања, напиша Бејли на својот профил на „Твитер“.
Бејли заедно со евроамбасадорот Аиво Орав синоќа присуствуваше на лидерската средба во резиденцијата на ЕУ во Скопје на која со посредство на еврокомесарот Хан се водеа разговори во врска со спроведувањето на договорот од Пржино од 15 јули и на која не беше постигнат конечен договор во врска со некои отворени прашања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент