Мудроста на старите жени се развивала низ векови на живот и човечки искуства – и додека сега некои од нив докажано се само суеверија, други имаат навистина докажана научна подлога.
Кои се тие?
Пилешка супа како лек
Откако ќе настинеме, првиот совет од бабите е дека треба да јадеме пилешка супа. Се покажа дека има вистина во ова. Иако пилешката супа нема да ве излечи од настинката, сепак ќе ги ублажи симптомите.
Научниците откриле дека пилешката супа навистина може да го намали воспалението со намалување на активноста на белите крвни зрнца, кои се одговорни за предизвикување на воспаленијата.
Една јаболка дневно ве држи далеку од докторските прегледи
Сите знаеме дека треба да јадеме овошје секој ден и дека тоа е добро за нашето здравје, а тоа дека едно јаболко на ден може да не спаси од докторите, навистина е точно.
Едно истражување од 2013 година покажало како би било кога сите луѓе над 50 години јадат по едно јаболко на ден, а резултатите всушност покажале дека би спречиле или би одложиле 8.500 срцеви и мозочни удари секоја година.
Чоколадото помага да се ослободите од предменструалните грчеви
Докажано е дека потреба за чоколадо пред да ви почне менструалниот циклус, се случува поради физиолошки причини. Студиите покажуваат дека чоколадото содржи хранливи материи и антиоксиданси како што е анандамид, што може да има смирувачки ефект и да ги држи во баланс анксиозноста и расположението. Па, не мора веќе да чувствувате вина поради дополнителното внесување чоколадо во организмот.
Жешкиот туш ја оштетува спермата
Доколку со партнерот се обидувате да направите бебе, тогаш уочете му на вашиот сопруг да нема топол туш пред самиот чин.
Научната студија од 2007 година покажала дека мажите на кои спермата им е тестирана откако 30 минути поминале во топла бања, имале многу лоши резултати, а откажувањето од топлата вода навистина ги подобрува сперматозоидите.
Киселините за време на бременоста се знак дека бебето ќе се роди со многу коса
Речиси и не постои некоја постара жена која во тоа не верува. Токму овој мит го потврдиле и лекарите од болницата „Џон Хопкинс“ во Балтимор.
Тие спровеле истражување за да го побијат ова верување, но го откриле сосема спротивното. И самите биле изненадени од резултатот кој покажал дека зголеменото ниво на хормонот кој предизвикува киселини, всушност предизвикува раст на бебешката коса.
Полна месечина
Сте уочиле дека вашите деца се малку нерасположени кога има полна месечина. Оваа бапска приказна се прераскажува со векови, поточн,о дека некои луѓе го менуваат расположението.
Генерално, истражувачите допрва треба да докажат дека однесувањето, плодноста и наталитетот се погодени со лунарната шема. Но, една студија докажала дека некои луѓе потешко спијат за време на полна месечина.
Клинот со клин се избива
Ако претходната вечер сте претерале со алкохол и се чувствувате мамурно, бабите веднаш ќе ви кажат само да се напиете уште една чаша алкохол за да ви биде подобро.
Но, дали ова е вистина? Науката вели дека е. Истражувачите покажале дека консумирањето на мали дози алкохол всушност може да го олесни мамурлакот, но треба да внимавате. Всушност, ублажувањето на мамурлакот на овој начин може да ја зголеми зависноста од алкохол. Па, за да го избегнете ова, пред спиење напијте се голема чаша вода.
Масните риби се храна за мозокот
Врската меѓу омега-3 масните киселини и масните риби навистина постои и е добро позната.
Масните киселини кои се наоѓаат во рибите докажано ја подобруваат спроводливоста меѓу мозочните клетки и на тој начин го подобруваат работењето на мозокот. Едно истражување дури и покажало дека со редовната консумација на риба, расте мозокот.
Долго и тешко пораѓање – ќе биде момче!
Науката покажа дека момчињата им даваат потешки маки и болки на мајките за време на раѓањето. Една ирска студија од 2003 година, покажала дека жените кои раѓаат момчиња имаат поголеми шанси да искусат компликации, што доведува до поголем број на итни царски резови.
Зошто? Затоа што момчињата се поголеми и потешки од девојчињата, а имаат и поголеми глави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.