| четврток, 6 декември 2018 |

Актуелни фармерки за оваа есен, светли или темни?

00044258

Многу често кога ќе дојде октомври месец, секој од нас размислува со какви нови фармерки да се поднови. Многу припаднички на понежниот пол сметаат дека светлите фармерки се за летото, а темниот тексас за есен и зима. Ако и вие сте од оние што размислуваат така, денес ви подготвивме посебна доза инспирации, за да ја негираме оваа теорија.
Еве неколку аргументи во корист на светлите фармерки, а потоа и неколку такви во корист на темните, изборот за оваа есен го оставаме на вас!
Светли фармерки тип „легингс“
Тие насекаде се неверојатно тесни, неверојатно секси, а можете да ги видите во излозите на сите бутици. Се предлатагат како класичен модел, но и варијанти со искинати колена.

624525b9b78c6b1198c27fe3717ea279(1)

Тесните светли фармерки можат да се носат и со долга плетена туника, која се носи во доцна есен и зима. Ако не сакате да се облекува од глава до пети во црно, тоа е решението, светли фармерки и сиво, црно и темно кафеава, ладните, но класични бои на есента.
Светли фармерки модел „boyfriend“
фармерки модел „boyfriend“ се транзиција кон есента и веќе се главно парче од нашата гардероба. Нив би можеле да ги носиме во верзија 7/8, со убави секси кондури до глуждот, добивајќи уникатен „street style“. Ако вашиот стил е бохо, ова дефинитивно се вашите фармерки!

4c83b4a36e5533ce1e8b2b3027125307(1)

Боемскиот стајлинг е меѓу првите за оваа година, придружен со лесни етно елементи и бунтовно хипи чувство.
069a368cb8f7dbf0175654a208427748

Темни и тесни – ете ви класика!
Со високи чизми, елегантно припиени околу вашите прекрасни нозе, ќе изгледате како вистинска жена-мачка и ќе се чувствувате навистина секси! Не постои по карактеристична комбинација за есен, од  темни фармерки ставени во чизми или кондури, кои не се валкаат дури и во најврнежливиот ден.
blue4

cc8a031fb7fb30259c506fcaa738f57d

48040d1c808f722d1a706d449667bc0f(1)

Темни и широки – Чарлстон
Токму така, оваа година чарлстонот се враќа и дури ѕвезди како Кејт Хадсон ги носат во нивното секојдневие. e4e242bbe8b9f6dc79e3a5b0c7f5ff09За оваа опција се одлучила модна икона Кенди Џенер. Нив можете да ги носите како со патики, така и со актуелните кондури тип „Оксфорд“.

Kendall-Jenner-Vogue-14Oct15-Getty_b_426x639

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top