Долно Мелничани, Дебарско, е едно од ретките села во кои за празникот Водици не се фрла крст. За разлика од повеќето населени места во Македонија, во кои Крштавањето Христово се слави со фрлање на крстот во вода – во реките, езерата, во базени во црковните дворови – по што верниците се натпреваруваат за да го најдат, таму обичаите се поинакви.
Подготовките за празнувањето почнува со избирањето на кумовите за таа година – по два кума, кои се грижат за двата крста. Во селото има традиција кумовите секоја година да се избираат со договор, по редослед што го диктира движењето на раката при прекрстувањето. Како што се движи раката за време на прекрстувањето со молитва, по тој ред ќе им дојде редот на куќите на идните кумови. Како што велат поискусните во селото, на секоја куќа редот ќе ѝ се враќа за 22-23 години.
Водици се празнува два дена, на 19 и на 20 јануари, Водоркст и Водици. Празнувањето, според обичаите, почнува со канење на селаните да дојдат на „мачкање печиво“ во домот на кумот, секој кај својот, од двајцата кумови за годината. Канењето го прават девојчиња облечени во народна носија од тој крај – „зовачки“, кои одат од куќа во куќа, со бардачињаа во рацете, да ги поканат кај кумот сите што на тој ден се во селото.
На Водопост, верниците предводени од новите и од старите кумови, одат од куќа во куќа за да ја скршат погачата, а домаќините да го бакнат крстот за кој се грижи кумот до предавањето на кумстввото.
Во домот на кумот, верниците од селото учествуваат во мачкањето на празничното печиво со масло, а кумовите ги пречекуваат со посна трпеза и со топла ракија.
Печивото што ќе се подготви кај кумовите, се дели на собирот во црквата „Света Богородица – Пречиста“ – првиот ден раздава првиот кум, вториот ден – вториот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Денеска е еден од најголемите празници: Се верува дека жените кои немаат деца, а се помолат, ќе добијат дете!
-
Утре е голем и тежок празник – Свети Архангел Михаил: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Ни доаѓа голем и тежок празник: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Денеска е голем празник на љубовта: Ако сакате да ја дознаете вашата сродна душа, пред спиење направете го ова…