| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Кукубајска: Ма­ке­дон­ски­те де­ца учат мно­гу по­бр­зо, под ус­лов да има­ат дис­цип­ли­на

Бу­квар­че­то не е ни­ту сли­ков­ни­ца ни­ту са­мо чи­тан­ка, ту­ку тек­сто­ви со ин­струк­ции за фор­ми­ра­ње на зна­кот и на зву­кот на 31 бу­ква. Освен со­би­ра­ње ин­фор­ма­ци­ја за зна­ци и за бу­кви, де­те­то ги откри­ва, ана­ли­зи­ра и тре­ни­ра мис­ла­та, чув­ство­то, по­чит­та, бла­го­дар­но­ста и од­го­вор­но­ста – во од­нос на се­бе и на најб­ли­ски­от, ве­ли автор­ка­та на „Бу­квар­че­то на Еми­ли­на“

До­ктор Ма­ри­ја Еми­ли­ја Ку­ку­бај­ска е истак­на­та ма­ке­дон­ска по­е­те­са и про­фе­сор­ка на Фи­ло­ло­шки­от фа­кул­тет при Уни­вер­зи­те­тот „Го­це Дел­чев“ во Штип. Таа е автор­ка на „Бу­квар­че­то на Еми­ли­на“, кое се од­не­су­ва на ра­на­та пис­ме­ност кај де­ца­та на во­зраст од три до шест го­ди­ни, а не­о­дам­на бе­ше про­мо­ви­ра­но и неј­зи­но­то из­да­ние „Ан­то­ло­ги­ја на ан­тич­ко-ма­ке­дон­ска по­е­зи­ја“. На ме­ѓу­на­род­на­та кон­фе­рен­ци­ја „Мо­ќта на зна­е­ње­то“ во Со­лун бе­ше пре­зен­ти­ра­но „Бу­квар­че­то на Еми­ли­на“ ка­де што до­би мно­гу по­зи­тив­ни оце­ни. „Бу­квар­че­то…“ бе­ше пре­зен­ти­ра­но ка­ко при­мер за упо­тре­ба на емо­тив­на ин­те­ли­ген­ци­ја во опис­ме­ну­ва­ње на де­те­то.

На­пи­ша­вте бу­квар за опис­ме­ну­ва­ње на де­ца на во­зраст од три до шест го­ди­ни. Зо­што тој се сме­та за прв од ва­ков вид на ма­ке­дон­ски ја­зик?

КУКУБАЈСКА: Де­нес во све­тот кон­ку­рен­ци­ја­та од учеб­ни по­ма­га­ла за пре­ду­чи­лиш­на во­зраст е огром­на, осо­бе­но на тех­но­ло­шки зас­но­ва­на­та еле­ктрон­ска про­дук­ци­ја. Тој гло­ба­лен па­зар на зна­е­ње на­мет­ну­ва и не­за­вис­на биб­ли­о­те­ка со но­ви из­да­ни­ја.

Мо­е­то со­ста­ву­ва­ње на „Бу­квар­че­то на Еми­ли­на“ мо­же­би е пр­во во Ма­ке­до­ни­ја што го сле­ди свет­ски­от тренд на по­ме­сту­ва­ње на во­зрас­на­та гра­ни­ца за дет­ска ког­ни­тив­ност до нај­ра­на, и ве­ќе ре­ал­на, три­го­диш­на во­зраст. Но „Бу­квар­че­то…“ е пр­во и во ин­те­гри­ра­ње на рач­но­то пи­шу­ва­ње, сре­де ди­ги­тал­ни­те на­ви­ки­те на де­те­то. Еле­ктрон­ски­те таб­ле­ти во ид­ни­на ќе го за­ме­нат и пи­шу­ва­ње­то на хар­ти­ја и мо­ли­вот, но јас се оби­ду­ва­ме да ѝ по­да­дам ра­ка на онаа ге­не­ра­ци­ја де­ца, кои се на мо­стот ме­ѓу тех­но­ло­ги­ја­та и тра­ди­ци­ја­та во сов­ла­ду­ва­ње на аз­бу­ка­та. Ме­то­дот за пи­шу­ва­ње и за из­го­ва­ра­ње на бу­ква­та и на тек­стот во „Бу­квар­че­то…“ е зас­но­ван на мо­е­то пра­ктич­но и те­о­рет­ско искус­тво спо­ред кое де­ца­та на 21 век ве­ќе ја по­диг­наа сво­ја­та ра­ци­о­нал­на ин­те­ли­ген­ци­ја со ко­ја и на три­го­диш­на во­зраст зна­ат да „ра­ку­ва­ат и ра­ко­во­дат“ со ин­фор­ма­ции (на комп­ју­те­ри и на те­ле­фо­ни). Но­ви­на­та на „Бу­квар­че­то…“ има и дру­га су­шти­на. Оваа ди­да­ктич­ко-умет­нич­ка ли­те­ра­ту­ра ја ин­те­гри­ра и ани­ми­ра по­тис­на­та­та бли­зи­на на ро­ди­те­лот со де­те­то и со фа­ми­ли­ја­та. Со тој ме­тод на уче­ње, раз­во­јот на ра­ци­о­нал­но-емо­тив­на­та ин­те­ли­ген­ци­ја на де­те­то од три, че­ти­ри и од пет го­ди­ни ќе има нај­го­ле­ма при­до­би­вка од бли­зи­на­та со нај­са­ка­ни­те, од дет­ска­та по­вр­за­ност со ро­ди­те­лот, или вос­пи­ту­ва­чот. „Бу­квар­че­то на Еми­ли­на“ е са­мо ед­на од ва­ри­јан­ти­те што ги имам ко­ри­сте­но во мо­е­то пра­ктич­но и те­о­рет­ско искус­тво ка­ко со­ста­ву­вач или ди­ре­ктор на про­гра­ми за нај­ра­но опис­ме­ну­ва­ње уште од 1989-91 и 1993-4 го­ди­на, во Ка­ли­фор­ни­ја, за да про­дол­жам да ги над­гра­ду­вам и при­ме­ну­вам тие про­гра­ми.

Ед­на од из­во­ри­те за ли­дер­ско тре­ни­ра­ње на дет­ски­от ум и дух е и кни­га­та из­да­де­на на анг­ли­ски ја­зик „Еми­ко – ха­и­ку“(2007), ко­ја вклу­чу­ва ос­но­вен и на­пре­ден сте­пен на ја­зич­но-кни­жев­ни веж­би за дет­ски во­ка­бу­лар и оп­што обра­зо­ва­ние во пре­ду­чи­лиш­на во­зраст, а на анг­ли­ски ја­зик. Ме­то­дот за уче­ње пре­ку ова „Бу­квар­че…“ го по­ста­вив и во пре­ду­чи­лиш­на­та уста­но­ва во Ка­ли­фор­ни­ја, ка­де што опис­ме­нив ед­на ге­не­ра­ци­ја од три до пет го­ди­ни, со нат­про­се­чен ус­пех.

Што со­др­жи „Бу­квар­че­то на Еми­ли­на“?

КУКУБАЈСКА: „Бу­квар­че­то…“ не е ни­ту сли­ков­ни­ца ни­ту са­мо чи­тан­ка, ту­ку тек­сто­ви со ин­струк­ции за фор­ми­ра­ње на зна­кот и на зву­кот на 31 бу­ква. Освен со­би­ра­ње ин­фор­ма­ци­ја за зна­ци и за бу­кви, де­те­то ги откри­ва, ана­ли­зи­ра и тре­ни­ра мис­ла­та, чув­ство­то, по­чит­та, бла­го­дар­но­ста и од­го­вор­но­ста – во од­нос на се­бе­си и најб­ли­ски­от. Бу­квар­че­то е ино­ва­тив­но упат­ство за ка­ко ма­ло­то дет­ско ра­че да ги по­вр­зу­ва умот, ср­це­то и ра­ка­та за да ја ос­мис­ли и офор­ми но­ва­та бу­ква пре­ку ја­сен, раз­бир­лив текст. Мен­тал­ни­от, ду­хов­ни­от, емо­тив­ни­от и фи­зич­ки­от сти­мул на де­те­то се обез­бе­ду­ва­ат на дво­ен план: сти­лот на во­де­ње на дет­ски­от ин­те­рес во пи­шу­ва­ње и во чи­та­ње, и сти­лот на ко­му­ни­ци­ра­ње на де­те­то со најб­ли­ски­те, кои со­ра­бо­ту­ва­ат во не­го­во­то пре­поз­на­ва­ње и кон­кре­ти­зи­ра­ње на ап­стракт­ни­от по­им „пи­шу­ва­ње“ и по­вр­зу­ва­ње на тек­стот со пред­ме­ти и со од­но­си во ре­ал­но­ста. Во бли­зи­на со сво­и­те нај­са­ка­ни „со­ра­бот­ни­ци“, ро­ди­те­ли­те, де­те­то ја споз­на­ва ра­до­ста на уче­ње­то ка­ко ор­га­ни­зи­ра­на „ра­бо­та“.  На во­зраст од три до пет-шест го­ди­ни, уче­ње­то со по­мош, под­др­шка и со љу­бов од ро­ди­те­лот е пре­суд­но за мен­тал­но­то, емо­тив­но и со­ци­јал­но здрав­је на де­те­то.

20150914_033009-1

На во­зраст од три до пет-шест го­ди­ни, уче­ње­то со по­мош, под­др­шка и со љу­бов од ро­ди­те­лот е пре­суд­но за мен­тал­но­то, емо­тив­но и со­ци­јал­но здрав­је на де­те­то

 

Да­ли со овој бу­квар де­ца­та ќе на­у­чат да чи­та­ат пред да трг­нат на учи­ли­ште или тој е са­мо под­го­то­вка за пр­во од­де­ле­ние?

КУКУБАЈСКА: На­ме­на­та на „Бу­квар­че­то…“ е де­ца­та да на­у­чат и да чи­та­ат и пи­шу­ва­ат – пред учи­лиш­на во­зраст. Овој ин­тен­зи­вен курс на опис­ме­ну­ва­ње трае од 30 до 90 де­на, во за­вис­ност од сло­бод­но­то вре­ме на ро­ди­те­лот и од пре­дис­по­зи­ци­ја­та на де­те­то. Уче­ње­то на ед­на бу­ква на ден, е ми­ни­мум пред­ви­ден за нат­про­сеч­ни за­ла­га­ња, а за про­сеч­но тем­по на уче­ње – три де­на за ед­на бу­ква се по­ве­ќе од до­вол­ни. Ме­ѓу­тоа, ин­тен­зи­те­тот на раз­во­јот на умот пре­ку уче­ње по ед­на бу­ква на ден е нај­е­фи­ка­сен, ка­ко и кон­ти­ну­и­те­тот во фи­зич­ки­от тре­нинг, по што по­вто­ру­ва­ње и утвр­ду­ва­ње­то на на­у­че­но­то се од­ви­ва во след­ни­те два ме­се­ца. Ако поч­нат во октом­ври, де­чи­ња­та до но­ва го­ди­на ќе го сов­ла­да­ат „Бу­квар­че­то на Еми­ли­на“, што ќе им би­де нај­го­лем по­да­рок на ро­ди­те­ли­те, офор­мен низ до­маш­но обра­зо­ва­ние, вос­пи­ту­ва­ње и пра­кти­ку­ва­ње на ка­ра­ктер­ни­те вред­но­сти, ква­ли­те­тот и ин­те­гри­те­тот на дет­ска­та лич­ност. Со та­ква ин­ве­сти­ци­ја пред пр­во од­де­ле­ние, до­би­ва не са­мо де­те­то, ту­ку и се­мејс­тво­то, учи­ли­ште­то и оп­штес­тво­то.

Што ве­лат Ва­ши­те соз­на­ни­ја, да­ли во Ма­ке­до­ни­ја де­ца­та ги поз­на­ва­ат бу­кви­те пред да го поч­нат обра­зо­ва­ни­е­то или опис­ме­ну­ва­ње­то се слу­чу­ва во учи­ли­ште­то?

КУКУБАЈСКА: Мо­и­те лич­ни искус­тва се зас­но­ва­ни и на при­ме­на на ме­то­ди за ра­на дет­ска пис­ме­ност, со обра­зов­на про­гра­ма за де­ца од стран­ски зем­ји во Скоп­је (Свет­ска бан­ка, УНХЦР, ЦРС, Ал­ма­ко бан­ка), но ги сле­дам и де­ца­та на на­ши­те ма­ке­дон­ски уста­но­ви и се­мејс­тва. По спо­ред­бе­ни­те ана­ли­зи, мо­жам да ка­жам де­ка ма­ке­дон­ски­те де­чи­ња, и кван­ти­та­тив­но и ква­ли­та­тив­но, учат мно­гу по­бр­зо, под ус­лов да има­ат дис­цип­ли­на, „строг ре­жим на мен­тал­на ди­е­та“, ро­ди­тел, или вос­пи­ту­вач што се­ри­оз­но „да­ва зна­е­ње, но и ба­ра“ ор­га­ни­зи­ра­но уче­ње. Да­ли ги поз­на­ва­ат бу­кви­те? Нај­го­лем број ги „пре­поз­на­ва­ат“, што не вклу­чу­ва тех­ни­ки на пи­шу­ва­ње, или мис­лов­ност во „соз­да­ва­ње“ на бу­ква­та, што е ау­ди­тив­но и ви­зу­ел­но соз­да­ва­ње: пи­шу­ва­ње, из­го­ва­ра­ње, чи­та­ње. Го­лем број ма­ке­дон­ски де­ца одат во пр­во од­де­ле­ние со не­си­гур­но предз­на­е­ње за ки­ри­лич­на­та аз­бу­ка, но, па­ра­до­ксал­но, та­кви­те де­ца ги зна­ат ди­ги­тал­ни­те пес­ни и ани­ми­ра­ни­те игри, што се, исто та­ка, дел од ког­ни­тив­но­ста, но се, пред сѐ, со за­ба­вен, а со тоа нај­че­сто и за­доц­нет ин­те­ле­кту­а­лен раз­вој.

Да­ли де­ца на во­зраст од три, че­ти­ри, пет или шест го­ди­ни мо­жат да на­у­чат да чи­та­ат?

КУКУБАЈСКА: На­уч­но е до­ку­мен­ти­ра­но де­ка де­ца­та мо­жат да учат пи­шу­ва­ње отка­ко ќе на­у­чат да слу­ша­ат, да збо­ру­ва­ат и да чи­та­ат, но не­кои мо­дер­ни и пост­мо­дер­ни пси­хо и со­ци­о­лин­гви­сти и пе­ди­ја­три одат во ап­сурд­ни крај­но­сти и им при­да­ва­ат и не­по­стој­ни, ап­стракт­ни зна­че­ња на „чкр­та­ња­та на де­ца­та“, кои не се ор­га­ни­зи­ра­но уче­ње на зна­ци­те за пис­ме­ност. Да, де­те­то ба­ра да ко­му­ни­ци­ра и пре­ку „за­пи­шу­ва­ње“ на сво­јот иден­ти­тет низ сво­е­рач­ни, сво­е­вид­ни „сли­ки“, но  ро­ди­те­лот ќе тре­ба да од­вои ква­ли­тет­но вре­ме и на­пор, со љу­бов да му по­мог­не на де­те­то да се ре­а­ли­зи­ра во сво­е­то пис­ме­но изра­зу­ва­ње. Ов­де ро­ди­те­ли­те мо­жат да го ис­про­ба­ат и мо­јот ме­тод, кој го из­диг­ну­ва де­те­то над не­јас­ни­те ли­бе­ра­ли­зи­ра­ни сим­бо­ли на „чкр­та­ни­ци“ прет­по­чи­та­ни од одре­де­ни еду­ка­то­ри во за­пад­на­та пре­ду­чи­лиш­на „умет­ност“ на дет­ско­то изра­зу­ва­ње. „Бу­квар­че­то…“ ум­но „знае“ да го во­ди де­те­то по­бр­зо и по­на­пред до ре­ал­на­та цел: спо­ју­ва­ње на слу­ша­ње­то, пи­шу­ва­ње­то и на чи­та­ње­то, пре­ку раз­би­ра­ње на тек­стот што го об­јас­ну­ва фор­ми­ра­ње­то на бу­ква­та (со цр­ти, кру­го­ви и по­лу­кру­го­ви), да ја во­ди упо­тре­ба­та на ра­че­то за фор­ми­ра­ње на зву­кот во знак, бу­ква. Пр­во го­вор, па пис­мо, ка­ко и исто­ри­ски­от раз­вој на чо­ве­ко­ва­та пис­ме­ност. И спо­ред свет­ска­та пра­кти­ка за на­пред­ни де­ца, и пре­ку мо­и­те при­ме­ни, пис­ме­но­ста со „Бу­квар­че­то…“, се по­стиг­ну­ва ко­га и ро­ди­те­лот, и/или еду­ка­то­рот, се вклу­че­ни со не­се­бич­на по­све­те­ност и љу­бов во раз­во­јот на нај­ма­ли­те, нај­ми­ли­те.

Конференција на  Универзитетотво во Салзбург - д-р  Кукубајска има излагање пред докторанди  од англо-американски студии

На­уч­но е до­ку­мен­ти­ра­но де­ка де­ца­та мо­жат да учат пи­шу­ва­ње отка­ко ќе на­у­чат да слу­ша­ат

 

Се вра­ти­вте од Со­лун ка­де што на кон­фе­рен­ци­ја го пре­зен­ти­ра­вте „Бу­квар­че­то на Еми­ли­на“. Ка­же­те ни не­што по­ве­ќе за тоа.

КУКУБАЈСКА: На ме­ѓу­на­род­на­та кон­фе­рен­ци­ја „Мо­ќта на зна­е­ње­то“, про­фе­сор­ка­та по ма­ке­дон­ски ја­зик, ли­те­ра­ту­ра и ме­то­ди­ка на Уни­вер­зи­те­тот Го­це Дел­чев – Штип, Ви­о­ле­та Ди­мо­ва го прет­ста­ви „Бу­квар­че­то на Еми­ли­на“ ка­ко при­мер за упо­тре­ба на емо­тив­на ин­те­ли­ген­ци­ја во опис­ме­ну­ва­ње на де­те­то. Таа го истак­на зна­че­ње­то на Бу­квар­че­то за ид­на­та кре­а­тив­на транс­фор­ма­ци­ја на обра­зо­ва­ни­е­то и вос­пи­ту­ва­ње­то, за­тоа што со сво­јот ме­тод, стил и со­др­жи­на „Бу­квар­че­то…“ ја об­но­ву­ва све­ста за доб­ле­сти и за вред­но­сти во про­це­сот на нај­ра­но уче­ње. Ин­те­рес за ва­кви­от нов вид бу­квар­че по­ка­жаа мно­гу­број­ни на­уч­но-истра­жу­вач­ки, на­став­ни и ме­на­џер­ски ка­дри во обра­зо­ва­ни­е­то, осо­бе­но од Ма­ке­до­ни­ја. Тие во оваа ли­те­ра­ту­ра го пре­поз­на­ва­ат по­треб­ни­от спој на ра­ци­о­нал­на со емо­ци­о­нал­на ин­те­ли­ген­ци­ја, и на дет­ски лек­ции за го­во­рот и за пис­мо­то, со над­град­ба во текст низ кој де­те­то учи со кре­а­тив­на са­ти­сфак­ци­ја, со „ми­ли­на“ – со­др­жа­на и во ед­но од пет­те со­став­ни збо­ро­ви во нас­ло­вот … Еми­ли­на (Или­на, Ли­на, Ина, Еми). Во ди­ску­си­и­те на кон­фе­рен­ци­ја­та беа наг­ла­се­ни: еду­ка­тив­но-за­бав­на­та по­вр­за­ност на дет­ски­от ум и ра­ка, сти­му­ла­тив­но­ста ме­ѓу дет­ска­та лич­ност и сре­ди­на­та во ко­ја се опис­ме­ну­ва и по­зи­тив­ни­те и ед­но­став­ни, здра­во­ра­зум­ски по­ра­ки во „Бу­квар­че­то…“, кои го во­дат де­те­то низ не­го­ва­та нај­го­ле­ма аван­ту­ра по про­о­ду­ва­ње­то и збо­ру­ва­ње­то: пи­шу­ва­ње­то. Во вре­ме на днев­но за­си­лу­ва­ње на во­е­ни­те су­ди­ри и ка­та­стро­фал­ни пос­ле­ди­ци по чо­веш­тво­то, при­о­ри­тет­ни по­тре­би на фа­ми­ли­јар­на­та сре­ди­на ќе би­дат мен­тал­но­то и емо­тив­но здрав­је на де­ца­та, по­крај фи­зич­ко­то, ка­ко и нив­ни­от раз­вој под за­шти­та од опас­но­ста на нов вид оту­ѓу­ва­ње пред очи­те на ро­ди­те­ли­те.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: При­ват­на ар­хи­ва

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top