Ким Кардашијан и Кануе Вест се во исчекување на своето прво дете. Мајката која носи женско дете одлучи да го покаже трудничкото стомаче. Таа доби низа критики за зголеменената тежина.
-Мислам дека жените треба да се поддржуваат, особено во текот на бременоста – изјави мајката на две деца, Гвинет Полтроу. Тоа е специфичен период и мислам дека Ким Кардашијан изгледа прекрасно.
На својот Инстаграм профил, Ким објави фотографија од себе со крената маичка покажувајќи го за првпат гордо својот стомак. Под неа напишала “Детска љубов“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


