| четврток, 6 декември 2018 |

Грицкањето нокти не е толку лоша навика

Woman biting nails

Дали спаѓате во групата луѓе кои грицкаат нокти? Истражувачите откриваат дека грицкањето на нокти не е резултат на нервоза.

Најновите истражувања покажуваат дека компулзивните навики насочени на телото, како што е и грицкањето нокти може да биде последица на перфекционизам.

Истражувачите утврдиле дека одредени луѓе со овој вид однесување често се нетрпеливи перфекционисти, кои своите задачи ги извршуваат побрзо од другите луѓе, па лесно „тонат“ во досада, која е причината за нивните компулсивни навики.

Покрај грицкањето нокти, овде спаѓа и навиката на вртење на косата околу прст и други слични однесувања.

Испитаниците кои учествувале во истражувањето биле ставени во четири различни ситуации – фрустрација, стрес, досада и опуштеност. Поголемиот дел од испитаниците започнале со своите навики во состојбата на досада, а не во состојба на стрес или фрустрација, што докажува дека грицкањето нокти не е резултат на нервозата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top