| четврток, 6 декември 2018 |

Принцот Вилијам првпат отворено и јавно проговори за Дијана

Во чест на дваесет и првата годишнина на „Чајлд биривмент УК“, чие основање и функционирање го помогна принцезата Дајана, викендов беше организиран банкет на кој се појави и принцот Вилијам.

princot-vilijam-tagata-e-najbolnoto-iskustvo-shto-dete-mozhe-da-go-iskusi-192221

Тој го искористи овој свечен момент и за првпат отворено и јавно зборуваше за својата мајка. Принцот се осврна на големата загуба што ја доживеал кога имал само 15 години.

-Она што мајка ми го препозна тогаш, а што јас го разбирам сега, е дека тагата, жалоста, е најболното искуство што секое дете или родител може да го искуси. Пред 21 година, минатиот месец, мајка ми беше присутна на лансирањето на „Чајлд биривмент черити“. Петнаесет години подоцна, јас ја имам честа да станам покровител на оваа организација и да го продолжам она на што мајка ми се посвети, на хуманитарната работа, што ми претставува големо задоволство  – рече Вилијам, кој е посебно поврзан со оваа организација.

Тој не ја пропушти можноста да каже колку Дајана била посветена на хуманитарната работа.

-Мајка ми беше предодредена да им помага на оние на кои тоа им е навистина потребно и ќе беше бескрајно горда, како што сум и јас, што оваа организација трае дури 21 година – додаде тој.

Принцот го поздрави и трудот на волонтерите што им помагаат на семејствата што се соочиле со губиток на своите сакани.

-Како татко на две мали деца, сега уште повеќе го ценам тоа – нагласи Вилијам.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top