Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди.
Од нив, три се со последица материјална штета и осум се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле четворица возачи на патничко моторно возило, четворица сопатници, двајца пешаци, двајца патници во автобус и еден велосипедист.
Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе одржи едукативни работилници во Основното училиште „11 Октомври“ кое се наоѓа во општина Центар со учениците од четврто одделение.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.