Голем астероид и се приближува на Земјата со голема брзина. Оваа година Ноќта на вештерките ќе биде посебно возбудлива за сите љубители на астрономијата затоа што ноќта меѓу 31 октомври и 1 ноември големото небесно тело ќе ја одмине Земјата за влакно. Огромната карпа со дијаметар од 2,5 километри ќе помине на растојание од 499.000 километри од Земјата со брзина од 125,500 км/ч.
НАСА потврди дека астероидот со име 2015 ТБ145 ќе помине покрај Земјата, но и нагласи дека нема баш никакви изгледи да дојде со судир. Меѓутоа тоа што најмногу ги загрижува во целата приказна е фактот дека овој астероид е откриен само пред девет дена, а веќе е блиску до Земјата. Астероид со оваа големина кога би удрил во Земјата целосно би ја уништил и целосно би го збришал живиот свет на планетата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.