Како една 51- годишна жена да го заведе Џејмс Бонд? Моника Белучи има совет: добро јади, добро пиј, имај добар секс и постојано биди насмеан!
Белучи (51) го привлече вниманието на јавноста како “најстарата Бонд девојка“ во новиот филм за агентот 007 „Spectre” и во интервју за британскиот „Телеграф“ изјави дека, кога за прв пат ја контактирал Сем Мендес, помислила дека и ја нуди улогата на „М“.
– Навистина така помислив. Но кога Сем ми објасни дека сака повозрасна жена да го заведе Бонд, помислив дека ова може да биде нешто револуционерно. Ова ќе биде одличен пример за останатите актерки и за жените“ – изјави таа.
Наместо да се навреди од етикетата „најстарата Бонд девојка“, Белучи – манекенката која стана позната европска актерка нема проблем со своите години.
– Никогаш не бев во системот на Холивуд. Во Европа, сите актерки кои ги гледам – Кристин Скот Томас, Шарлот Ремплинг, Изабел Ипер – толкуваат сјајни, силни жени. Погледнете ја само Џуди Денч. Работите се менуваат и постои нов поглед на актерките и жените денес – додаде Белучи.
За убавицата родена во Умбрија, која се специјализирала за мрачни, провокативни па дури и опасни сцени, во филмот на Бонд, ќе ја толкува улогата на Лусија Скиаре, фатална заводничка.
– Даниел Крег е дарежлив и како актер и како маж, па затоа никогаш не се чувствував непријатно. Кога морате да работите интимни сцени со некого, хемијата е важна, бидејќи тогаш се станува танго – изјави таа.
– Да се зборува за убавината како хендикеп е лошо, бидејќи убавината е дар, како здравјето или интелигенцијата. Единствено нешто што треба да се запамети, е тоа дека не смеете да бидете горди бидејќи сте убави. Сето тоа ви е дадено, ништо немате направено за да го постигнете тоа – додаде Белучи.
Во случајот на Белучи, убавината ја наследила од домаќинка и сопственик на компанија во градот Ситади ди Кастело, каде како девојче била многу срамежлива и со помош на убавината стекнала пријатели.
„Ми приоѓаа и не морав да трчам по нив“ – изјави Белучи.
Наместо да “трча“ по младоста, Белучи ја негува “природната убавина“ бидејќи “кога вие не сте повеќе вие, станувате карикатура“.
„Работата ми дава дисциплина. За да можам да ја играм улогата на Бонд девојка облечена во секси корсет, морав да направат неколку отстапки“ – призна таа.
Тоа не значи дека станував во наутро во 6 за да одам во теретана. Едноставно неколку дена пред снимањето воопшто не јадев тестенини и тоа е тоа. Навистина сакам колачи и тестенини и чаша вино и повремено некоја цигара. Мојот совет е добро јади, добро пиј, имај добар секс и постојано биди насмеан. Останатото доаѓа само од себе“ – советува Белучи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.