Ако работите во канцеларија ќе размислите трипати пред повторно да јадете на вашaта канцелариска маса.
Овие фотографии кои ги објави Универзитетот во Квинсленд ја покажуваат количината на бактерии на нашите раце, по допир на телефон, канцелариски прибор, односно количината на бактерии кои секојдневно ги имаме на нашите раце.
Ова се бактериите на нашите раце за време на нашето работно време во канцеларија. Поточно ова е количината на бактерии на нашите раце, откако сме ја допреле кујнската работна маса, во канцеларија која ја делиме со многу луѓе.
Или пак кога ќе зборуваме на телефонот кој го делиме со колегите на работа.
А вака изгледаат бактериите на нашите раце, „добиени“ од нашиот мобилен телефон.
Научниците советуваат дека најдобра превенција од бактериски инфекции и болести е миењето на раце со сапун и вода, отколку да ги чистите со антибактериска течност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.