| четврток, 6 декември 2018 |

Кој е најскап град за живеење во светот?

Најскапиот град за живот и работа во светот е Лондон. Тоа го покажл индексот кој се мери секоја година од консултантска компанија „Савилс”, пренесе „Би-би-си“.

Индексот ја покажува вкупната вредност на наемот на станови и канцеларии на човек годишно. Во првото полугодие на 2015 година со највисок удел се кириите на станови и канцеларии во Лондон, каде изнесуваат просечно 118. 425 американски долари по човек годишно.

Вториот најскап град за живот и работа во светот е Хонг Конг, каде овој показател е 116.661 долари.

На трето место е Њујорк, а на дното на листата е рангиран Мумбаи. Трошоците за работник на година во градот изнесуваат 29 088 долари. Пред него е Шангај со трошоци за живот од 44. 043 долари.

Трошоците за живот и работа на вработените е само еден од елементите при одредување на пристапноста до недвижности, наведуваат аналитичарите од „Савилс”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top