Тој за еден месец бил на два нејзини концерта, што медиумите го доживеаја како сигнал за обнова на врската.
Американските медиуми пишуваат дека Шон Пен и Мадона се повторно заедно! Актерот за еден месец бил на два концерта на поп-дивата, а не бегаа ниту од тоа да им позираат на фотографите.
Пен прво во септември бил во првиот ред на концертот во Њујорк, а потоа повторно, но на 14 октомври во Ванкувер. Тој ѝ напишал и писмо во кое открил колку уживал во нејзините настапи. Се шпекулира дека во Ванкувер отседнал во истиот хотел во кој била и неговата поранешна сопруга Мадона.
Пен и Мадона беа во брак во далечната 1986 година, а се разведоа три години подоцна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.