Најдобриот македонски фудбалски судија со знакот на УЕФА, Александар Ставрев доби уште едно признание од судиската организација на УЕФА со тоа што му ја довери задачата да суди на мечот од третото коло во Лигата на Европа меѓу Бордо и Сион.
Ставрев е делегиран за мечот на „Стад де Бордо“ во рамките од групата Б во најмасовното европско натпреварување, а нему ќе му помагаат Марјан Кировски и Дејан Костадинов. Четврти судија на мечот е Гоце Петрески, додека дополнителни судии зад головите се Дејан Јакимовски и Димитар Мечкаровски.
Мечот Бордо – Сион се игра в четврток од 21.05 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.