| четврток, 6 декември 2018 |

Стотици емигранти чекаат во кал и на дожд на ничија земја

Стотици емигранти, меѓу кои жени и деца, се оставени да чекаат на границата меѓу Србија и Хрватска откако хрватската полиција постави ограда за контрола на бегалскиот бран.

migran

 

Хрватската полиција соопшти дека повеќе од 4.000 емигранти се наоѓаат во бегалскиот камп во Опатовац, близу границата со Србија.

Големиот број бегалци на границата е поради затворањето на границата од страна на Унгарија со Хрватска и бегалците се пренасочуваат кон Словенија.

Двомилионската Словенија дневно ќе прима по 2.500 бегалци, нагласувајќи дека тоа е лимит на луѓе што може да продолжат кон Австрија.

– Немаме веќе чадори – вели Рамиз Момени, директорот на Хуманитас, хуманитарна организација со седиште во Лондон, која помага на српско­-хрватската граница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top