Дамнешната 1999 година Бил Гејтс ја напишал книгата „Работа со брзина на мислите“ („Business @ the Speed of Thought“) во која предвидува 15 работи што ќе се остварат во иднина, а кои во тоа време изггледаа неверојатно.
Но, неговите прогнози се остварија! Еве што предвидел Гејтс тогаш: Сајт за споредување на цените. Во книгата напишал дека ќе има развиен сервис кој ќе ги споредува цените и кој на луѓето ќе им даде можност да ги погледнат цените на разни сајтови да можат лесно да го најдат најевтиниот производ. Сега многу лесно може да се најде некој производ со помош на „Гугл“ или „Амазон“ и да се споредат цените.
Мобилни уреди – „Луѓето ќе носат мали уреди со себе, кои ќе им овозможат да бидат постојано во контакт и без оглед каде се наоѓаат. Ќе можат да читаат вести, да ги гледаат летовите што ги резервирале, да се информираат во врска со финансиските пазари. Ќе можат многу други нешта“, напишал тогаш во книгата.
Паметните телефони и часовници сега го прават ова за што пишувал Гејтс.
Плаќање преку интернет, подобро здравство благодарение на интернетот – „Луѓето ќе ги плаќаат своите сметки, ќе ги следат финансиите и ќе комуницираат со своите доктори преку интернет“.
Иако технологијата не успеа многу да го промени здравственото осигурување, постојат сајтови полесно да најдете доктор и да закажете преглед. Исто така, можете да позајмувате пари преку интернет и да плаќате со помош на „Пејпал“ и „Венмо“.
Лични асистенти и интернет – „Личните асистенти ќе бидат развиени. Ќе ги поврзат сите ваши уреди на паметен начин, било да сте дома или во канцеларија и ќе ви овозможат непречено да разменувате податоци. Уредите ќе ја проверуваат електронската пошта наместо вас и ќе ви прикажуваат информации кои ве интересираат. Кога ќе одите во продавница, можете да побарате да ви прикаже некој рецепт кој сакате да го подготвите, ќе ви состави листа на намирници кои треба да ги купите“.
Како што знаете достапен е „Гугл нау“, паметен асистент на мобилните уреди. Во меѓувреме, паметните уреди како што е Нест, собираат информации врз основ на вашата дневна рутина и автоматски ја мести температурата во станот.
Надгледување на куќата преку интернет – „Константна видеоснимка на вашата куќа ќе стане вообичаено. Ќе ве информира кога некој доаѓа во посета кај вас дома“.
Сега можете да купите камери за надгледување на куќата многу лесно.
Социјални медиуми – „Приватните сајтови на вашите пријатели и семејства ќе бидат вообичаени. Ќе можете да разговарате и да се договарате‟.
Социјалните мрежи како што се „Фејсбук“ и „Инстаграм“ сега им се достапни на сите.
Автоматизирани промотивни понуди – „Софтвер кој знае кога сте резервирале патување и кој ја користи таа информација за да ви понуди активности на таа локација. Нуди разни активности, попусти, понуди и поевтини цени на тоа што ви се допаѓа“.
Понудите на сајтови што нудат патувања како што се „Експедија“ и „Кајак“ во голема мера се темелат на податоци на претходно плаќање, т.е. некое претходно патување. „Гугл“ и „Фејсбук“ можат да понудат промотивни реклами во зависност од локациите на корисниците и нивните интереси.
Сајтови кои коментираат преноси на спортските настани – „Додека гледате некој натпревар на телевизија, овие сервиси ќе ви овозможат да дискутирате за нешто што се случило во живо, можете дури да учествувате во некој натпревар и да гласате за тој што мислите дека ќе победи‟.
Социјалните мрежи го овозможуваат ова, со тоа што дефинитивно „Твитер“ е лидер на ова поле. Исто така, можете да оставате коментари во реално време на сајтот ЕСПН на пример.
Паметно огласување – „Уредите ќе имаат паметно огласување. Ќе знаат што сакате да купите и ќе прикажуваат реклами што се наменети за вас, на тоа што го сакате“.
Многу огласувачи на интернет ја имаат оваа опција, која врз основа на вашите пребарувања, лични интереси и начини на кои ги купувате работите, ви прикажуваат реклами.
Линкови до сајтови во тек на жив пренос – „Телевизискиот пренос ќе опфаќа и линкови кон соодветни сајтови и содржини, кои го надополнуваат тоа што го гледате“.
Речиси секој жив пренос на спортски натпревар има линкови со реклами до одреден сајт. Рекламите, исто така, ги прикажуваат тимовите.
Дискусии на интернет – „Жителите во градовите и државите ќе можат по пат на интернет да дискутираат за проблеми како што е безбедноста, локалната политика итн“.
Сега многу сајтови со вести имаат дел со коментари каде што луѓето можат да коментираат. „Твитер“ и „Фејсбук“ одиграа голема улога во политичките револуции во Либија, Египет и Тунис.
Сајтови на интернет темелени на интерси – „Сајтовите на интермнет ќе се темелат врз основа на вашите интереси, не врз основ на вашата локација“.
Сите видови сајтови со вести се фокусираат на одредена тема. Многу сајтови со вести нудат подобра покриеност на некоја тема.
Софтвер за управување проекти – „Менаџерите на проекти што планираат да состават тим, по пат на интернет ќе можат да го опишат проектот и да добијат препорака врз основа на тоа. Можат да добијат информации во врска со луѓе кои одговараат на проектот“.
Софтверите во фирмите го менува начинот на кој се составуваат тимовите и како се доделува работата на другите.
Регрутација преку интернет – „Луѓето кои бараат работа ќе бидат во можност да најдат работодавец онлајн во зависност од своите интереси, потреби и совладани вештини‟.
Сајтовите како што е „Линкедин“, овозможуваат на корисниците да постават своја биографија и да најдат работа врз основ на своите потреби и интереси.
Бизнис комјунити софтвер – „Компаниите ќе можат да даваат свои понуди за работа, без оглед дали се работи за градежен проект, производство на филмови или за рекламна кампања. Ова ќе биде ефикасно за двете компании“.
Софтверот на фирмите е фокусиран на социјалниот аспект, така корисниците ќе можат да дојдат до други компании и ќе почнат разговор кој може да доведе до поголеми проекти директно преку апликации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.