| четврток, 6 декември 2018 |

НАТО ја почнува најголемата воена вежба од 2002 година

НАТО денеска почнува воена вежба на копно, во вода и во воздух, која, според алијансата, ќе биде најголем тест за нејзината воена способност од 2002 година, јави ДПА.

Тринеделната вежба „Периодот на тризабецот“ (Trident Juncture) ќе се одржи во замислен африкански регион, наречен Соротон, управуван од непријателски диктатори, каде што почнал терористички бунт и каде што царува етничка тензија.

Најважниот дел од вежбата ќе почне, по тренингот на воените сили претходно овој месец, со учество на високи претставници на НАТО во Сицилија и ќе продолжи на италијанска, шпанска и португалска територија.

Околу 36 илјади војници и цивили, 130 авиони, 16 хеликоптери и 60 бродови и подморници ќе земат учество во вежбата.

Во неа учествуваат 30 држави, вклучувајќи ја Украина и членките на Африканската унија. Русија е поканета да ја следи вежбата како набљудувач.

Претставници на НАТО ги демантираа тврдењата, дека вежбата е насочена против Москва и покрај тоа што со неа се тестираат новите сили за брзо реагирање на алијансата, создадени минатата година како одговор на дејствувањето на Русија во Украина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top